Уапсени над сто лица во Иран осомничени за труење на девојчиња во училиштата
Во Иран се уапсени над сто лица, поврзани со случаите на труење на ученички во земјата, соопштија од иранското Министерство за внатрешни работи.
Осомничените се идентификувани, уапсени и се под истрага во неколку ирански градови, вклучително и Техеран, јавува иранската државна агенција ИРНА.
Многумина од обвинетите користеле безопасни материи со интензивен мирис со намера да ги затворат училниците, се вели во соопштението.
Иранското министерство додаде дека меѓу уапсените има и лица кои имале „непријателски намери и се обидувале да шират страв и ужас меѓу народот и студентите, како и да создадат песимизам кон Владата на Иран“.
Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи ги нарече претходните труења на ученички како „непростливо злосторство“ и повика виновниците да бидат „строго казнети“.
Повеќе од 2.400 ирански ученички се разболеле од ноември по труење во училиштата.
Некои политичари ги обвинија верските групи кои се противат на образованието на девојчињата за труењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека погодил американски Ф-16 над…
Иранската војска соопшти дека нејзиниот систем за…
Иран сака крај на војната, но бара…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…
Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…
Иран тврди дека има загинати и ранети…
Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…