Уапсени сопружници од Штип: Си печателе пари дома

По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај на фалсификување пари и од слобода ги лиши сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.
Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Забрана за користење дронови на територијата на…
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана…
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во…
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65)…
Пронајден труп на местото каде се гради…
Во раните утрински часови пронајден е труп…
Дојави за бомби во речиси сите училишта…
Во речиси сите основни и средни училишта…