Уапсено лицето кое го запали возилото на пратеникот Ристески
СВР Битола-ОВР Прилеп информира дека уапсен е осомничен кој доцна синоќа во 1:45 часот го опожарил автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
-Покрај возилото „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Претходно дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.
Случајот прв го објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој напиша дека „ова е кукавички чин“.
Владеачката СДСМ го осуди ваквиот криминален начин и апелираше што поскоро да се најдат виновниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал во МВР, милионски тендер за…
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…
Вучиќ најави уште апсења – Вчера имало…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…
Пронајдена почината 27-годишна жена на брегот на…
На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е…
Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…
Во објектот на Центарот за социјални работи…
Никој не даде оставка за Кочани –…
Јавноста во Кочани будно ќе го следи…