Уапсено лице од Кавадарци, превезувал мигранти, излетал од патот па избегал од местото не несреќата
На 18.01.2024 во Гевгелија, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.Ш.(39) од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија.
По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека на 12.01.2024 околу 20.00 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди.
Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 418 – б став 3 и 4 и член 300 став 4, а во врска со член 297 и член 301 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…