Уапсен бегалец од правдата, осуден за детска порнографија

t

Скопските полицијаци денеска уапсиле триесет и деветгодишен скопјанец, по кого МВР имало издадено централна потерница.

Според информацијата до јавноста на полицијата, денеска во 10 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П. (39).

По него се трагало врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години, за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик, односно за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од МВР соопштуваат дека по приведувањето лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…