Уапсен бившиот шеф на безбедносната служба на Украина, Херсон во Србија
Српската полиција го уапси Андриј Наумов, бившиот шеф на безбедносната служба на Украина во регионот Херсон, кој во моментов е под руска контрола. Наумов бил уапсен на граничниот премин Прешево, откако заедно со уште едно лице се обиделе да прошверцуваат над 700.000 евра во кеш.
Во соопштението на српската Царинска управа се вели дека во автомобилот БМВ Х6, со кој се превезувале двајцата украински државјани, биле откриени 600.000 евра, 125.000 американски долари и два дијаманти, чија вкупна вредност била околу 6.500 евра.
Во Украина Наумов беше обвинет за предавство, затоа што ја напушти земјата само неколку часа пред руската инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…