Објавено на:

Уапсен е млад возач од Гевгелија – возел со 99 км на час на место каде е дозволено 40

t

МВР информира дека вчера рано наутро во 07.57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…

Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…

Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…

63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…

Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…

Возач е тешко повреден откако автомобил излета…

Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР…

Македонец возел 205 км на час во…

Службениците од државниот оддел за транспорт од…