Уапсен масовниот убиец од Младеновац: Вучиќ најави обраќање во 10.30!
Како што дознава РТС, масовниот убиец кој синоќа уби осум и рани 14 лица е уапсен во околината на Крагуевац. Напаѓачот со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.
Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсиле У.Б.(2002) во населба Грошница, во околината на Крагуевац.
Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14.
Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан.
Три лица кои беа ранети во пукотницата кај Младеновац се оперирани во болница во Смедерево и се во стабилна состојба, јавува репортерот на РТС.
Две ранети помлади лица, сместени во Клиничката болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“, во текот на ноќта се оперирани и се во стабилна состојба. Еден пациент поради ортопедски повреди ќе биде пренесен во Ургентниот центар.
Во Клиничкиот болнички центар на Србија има осум ранети, но засега нема официјални информации за нивната состојба.
Во 10 часот и 30 минути ќе говорат српскиот претседател Александар Вучиќ и членовите на Владата на Србија, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…