Уапсен пироман: Со запалка ја потпалувал сувата трева
Службеници од Полициската станица Драчево синоќа во 19:20 часот го лишиле од слобода Ф.С. (59) од скопското село Долно Количани, бидејќи предизвикал пожар на отворен простор.
– Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11:55 часот, според која покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје – информираат од МВР.
Во координација со јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ: Во тек е разговор меѓу Путин…
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин…
Коцевски побара нови вработувања и повеќе пари…
Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, денеска пред Комисијата…
Поранешeн градоначалник на Луганск убиен во експлозија…
Поранешниот шеф на самопрогласената Луганска Народна Република…
Хорор во Тетово: Двајца тинејџери извршиле обљуба…
Двајца тинејџери од Тетово биле приведени поради…
Вучиќ ги помилува активистите на неговата партија…
Во одговор на барање од телевизијата Н1,…