Убиена девојка во Србија, полицијата се сомнева во нејзиниот партнер

t

Дваесет и тригодишна девојка е убиена во Александровац. Полицијата го уапсила дваесет и тригодишниот Д.И од околината на тоа место, кој е осомничен дека сторил кривично дело семејно насилство, при што ја убил својата емотивна партнерка.

Припадници на МВР во Александровац го уапсија Д.И (23) од околината на ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход.

Тој е осомничен дека и нанел повеќе удари по главата и телото на својата 23-годишна емотивна партнерка, од кои таа починала, соопшти МВР.

По наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиена девојка во Србија, полицијата се сомнева…

Дваесет и тригодишна девојка е убиена во…

Тројца мажи се обиделе да ја запалат…

Полицијата во Младеновац, Србија, уапсила тројца мажи…

Фон дер Лајен: Србија е една од…

Србија е една од најнапредните земји во…

Вучиќ и Фон дер Лајен: Србија го…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката…

Свечено отворен Конзулатот на Република Србија во…

Во Куманово свечено беше отворен Конзулатот на…