Убиена жена од Кочани претходно пријавувала во полиција и барала заштита но не добила

Утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.
Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.
Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.
Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита но не добила.
Увид во настанот извршиле екипа на ОВР – Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…