Убиен уште еден добро познат лик од македонското подземје! Пукано на него со над 20 куршуми додека бил на одмор на Халкидики
Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, кон добро познал лик од скопското подземје и бизнисмен кој е сопственик на казиното во Македонија и ранил уште еден негов пријател, пренесуваат грчките медиуми.
Грчките медиуми посочуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар.
Инцидентот се случил во областа Ханиоти на Халкидики во Сани бич. Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека бара интервенција на полицијата . Кога полицијата и патролното возило пристигнал на лице место, виделе дека напаѓачите испукале повеќе од 20 куршуми. Двајцата мажи биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека едно од лицата кое добро познато за македонската полиција починало на лице место, додека вториот маж е повреден.
Според првичните сознанија од грчките медиуми убиците испукале повеќе од 20 куршуми. Повредениот е згрижен во болница на Халкидики.
Убиството во Шиша Барсе случи на 6 март, а напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.
Кога ги нашле „таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место беа убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.
По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…