Објавено на:

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

t

Мирољуб Миловановиќ, таткото на убиениот Александар Миловановиќ, денеска се појави видно вознемирен пред судскиот совет во Белград. Се сврте кон стаклото зад кое седи обвинетиот за убиство на 9 и рани 12 лица – Урош Блажиќ и почна да вика.

– Крени ја главата и погледни ме добро. Погледни ме добро ! – извика тој.

На прашањето на обвинителот дали Александар бил во конфликт со Блажиќ, тој одговори негативно и додаде „дека сега се во конфликт“.

– Цел живот ќе го чекам! Како татко би сакал да го осудите на доживотен затвор, но си се заколнав дека ќе се одмаздам. Ослободете го сега! – рече тој.

Тој додаде дека се приклучува на барањето обвинителство и дека бара отштета од 100.000 евра по член на семејството.

Урош и неговиот татко Радиша Блажиќ, обвинети за недозволено набавување и поседување на поголема количина оружје, на вчерашното судење ја изнесоа својата одбрана.

Урош Блажиќ на вчерашното судење првпат јавно ја изнесе својата одбрана и го призна делото, но не сакаше да зборува за убиствата.

Зборуваше за оружјето и за неговиот татко Радиша Блажиќ, тврдејќи дека не му го дал оружјето со кое се изврши масакрот и кое било пронајдено при претресот.

Тој го искористи своето право да не одговара на прашања.

Радиша Блажиќ целосно ја негираше вината, наведувајќи дека никогаш не го видел оружјето што е пронајдено и дека не знае од каде му е оружјето на неговиот син.

„Урош се однесуваше како нормален човек, не се однесуваше како лудак, да интервенирам, да го пријавам – рече Радиша Блажиќ.

Вишиот суд во Смедерево, кој го води овој процес, од безбедносни причини заседава во зградата на Специјалниот суд во Белград.

Покрај денешниот термин, судењето е закажано и за утре, како и за септември.

Урош Блажиќ е обвинет дека на 4 мај минатата година убил девет и ранил 12 лица.

Неговиот татко Радиша Блажиќ е обвинет дека го набавил и поседувал оружјето кое било пронајдено во неговата куќа и со кое бил извршен масакрот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѝ пукале во глава додека клечела –…

Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот…

Мирољуб Миловановиќ, таткото на убиениот Александар Миловановиќ,…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…