Убиство во Тетово- татко со ловечка пушка си го усмртил синот

На 02.01.2025 околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко М.Н.(65), кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н..
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…
(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово
Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…