Удар врз стандардот на граѓаните со поскапување на струјата
Додека граѓаните ја започнуваат Новата година со надеж за подобар животен стандард, власта им испорачува поскапа струја. Од 1 јануари, домаќинствата ќе плаќаат електрична енергија поскапа за 2,28 отсто, одлука која повторно ја разоткрива немоќта, но и незаинтересираноста на власта сериозно да ги заштити граѓаните од растечките трошоци за живот.
За 85 отсто од домаќинствата сметките ќе пораснат од 57 до 70 денари месечно сума која е значајна за семејствата што веќе едвај врзуваат крај со крај. Иако од Регулаторната комисија за енергетика се обидуваат да ја прикажат одлуката како „умерена“ и „балансирана“, фактите зборуваат поинаку. Поскапувањето ги опфаќа сите четири тарифни блока, како и евтината тарифа, односно токму оној сегмент што требаше да биде заштитен за најранливите категории.
Власта се фали дека ги „скратиле“ апетитите на ЕВН Хоум, која барала далеку повисоки поскапувања. Но суштинското прашање останува зошто воопшто се дозволува континуиран раст на цената на струјата, без сериозна државна стратегија за заштита на домашниот стандард? Наместо долгорочни решенија, инвестиции и отчетност, граѓаните повторно се оставени сами да го поднесат товарот.
Особено загрижува фактот што најголемиот дел од потрошувачите односно околу 64 отсто се во првиот блок, односно станува збор за домаќинства со најниска потрошувачка. Тоа значи дека поскапувањето директно ги погодува оние кои и досега штеделе, а не „расипничките“ на кои често алудира власта.
Во услови на инфлација, скапа храна и зголемени комунални трошоци, новото поскапување на струјата е уште еден доказ дека чувствителноста на институциите за социјално загрозените категории постои само на хартија. Наместо реална борба за поевтина и достапна енергија, добиваме сѐ поскап живот.
Новата година започнува со повисоки сметки, а старото прашање останува без одговор, до кога граѓаните ќе плаќаат за неуспехот на државата да обезбеди стабилен и праведен енергетски систем?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Удар врз стандардот на граѓаните со поскапување…
Додека граѓаните ја започнуваат Новата година со…
Жители на Серава немаат струја и ја…
Жители на населбата Серава во Чаир веќе…
Од јануари воената служба во Германија станува…
Од јануари 2026 година, во Германија ќе…
Миноски: Економските мигранти се последно решение за…
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски алармира…
Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија
Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, објави…