Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија

t

Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, објави дека Европската комисија го потврдила прекинувањето на исплатата за ИПАРД програмата за Македонија, на неопределено време.
Во прилог на тоа, актуелниот пратеник и опозиционер од СДСМ приложи и линк кој води до информацијата.
„Помина повеќе од еден месец откако понудив помош, конкретни идеи и решенија за да се избегне ова сценарио. Не слушаа, не работеа и еве ја цената.
Наместо работа добивме криење, лаги и дефокус. И ете ја последицата најважната европска програма за развој на земјоделството е стопирана, а земјоделците и фирмите што со месеци чекаат инвестиции остануваат со празни раце и со единствена надеж дека ќе дојдат подобри времиња, затоа што од оваа власт очигледно нема на што да се надеваат“, објави Николоски.
ИПАРД програмата со која се доделуваа грантови за земјоделството и руралниот развој е стопирана по апсењето на директорот на Платежната земјоделска агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…

Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…