УЖАС: Двајца тинејџери киднапирани и тепани во Штип, познат идентитетот на насилниците
На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип.
Тие се сомничат дека на 27.12.2022 околу 17:30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет.
Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо“, а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…