УЖАС: Пукање во училиште во САД, непознат е бројот на жртви
Во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање во кое според американските медиуми, има неколку жртви.
МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во престрелката загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени.
Осомничениот е уапсен, соопштија властите.
Полицијата и итните медицински служби интервенирале во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен напаѓач“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.
Учениците се евакуирани и пристапот до училиштето е блокиран. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…