УЖАС: Тело на петгодишно момче пронајдено во Дунав во Германија, било врзано за карпа и завиткано во фолија
Интерпол упати меѓународен апел за идентификација на тело на момче, пронајдено врзано за карпа и завиткано во фолија во реката Дунав во Германија.
Посмртните останки на детето беа откриени во близина на Гросмехринг во Баварија на 19 мај минатата година, но не е познато колку долго било во водата.
-Истражителите веруваат дека тој имал меѓу пет и шест години и дека најверојатно времето го поминувал надвор од Германија, пренесува „Нова.рс“.
Властите на оваа земја побараа од Интерпол да испрати таканаречено црно известување, вклучувајќи слики од реконструкција на лицето, до 185-те земји-членки на организацијата.
Момчето било високо околу 110 сантиметри и тешко околу 15 килограми, со кафена коса и нулта крвна група.
Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол, рече: „Преку ова црно известување, Интерпол ја повикува глобалната заедница за спроведување на законот да ги проверува базите на податоци и да консултира отворени или нерешени случаи. Некој, некаде знае нешто за ова момче, па подеднакво е важно одредени детали да бидат јавно објавени. Без разлика дали тој е жртва на трговија со луѓе, киднапирање или насилство, ние сме посветени да ги мобилизираме сите полициски сили на Интерпол за да го идентификуваат и да им помогнеме на истражителите да ја расветлат неговата смрт“.
Германската полиција сака да разговара и со секој кој се сеќава на исчезнато дете кое одговара на описот на момчето пронајдено во реката и чие исчезнување би можело да се поврзе со случајот.
Тие можат да соработуваат со Интерпол за да им помогнат на роднините кои веруваат дека момчето можеби е член на нивното биолошко семејство да добијат ДНК совпаѓање.
-Инаку, црното известување е издадено како дел од програмата „Идентификувајте ме“, која беше лансирана во мај за да им помогне на полицајците во Белгија, Германија и Холандија да идентификуваат 22 жени и девојки за кои веруваат дека се убиени, пишува Sky News.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…