Укината мерката куќен притвор за Владимир Тодоровиќ
На сопственикот на Тинекс, Владимир Тодоровиќ кој е обвинет во случајот “Феникс”, поврзан со проектот “Скопје 2014” денес му е укинат домашниот притвор, дознава Инфомакс.
Претходно Тодоровиќ, заедно со уште еден обвинет во случајот доби 30-дневен куќен притвор, додека четворица обвинети добија мерка ефективен притвор.
Неофицијално, мерката денеска е укината поради новите измени на Кривичниот законик кои веќе се важечки, а останува прашањето зошто судот со одлуките за притвор создаде дополнителни трошоци за државата, наместо да се одлучи за некоја од поблагите мерки за обезбедување на присуство. Судот по правило треба да ја определи најблагата мерка со која се обезбедува присуство на обвинетиот. Доколку ист ефект се постигнува со одземање на патните исправи, судот не би требало да определи мерка куќен или ефективен притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот “Феникс” по згаснувањето на Специјалното јавно обвинителство, а со одлука на Јавниот обвинител на РМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…
Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…
Жена осомничена за обид за убиство на…