Украина воведе итни прекини на струја поради руски ракетни напади
Украина воведе вонредни прекини на електричната енергија во шест региони поради она што властите го опишаа како „масовен“ ракетен напад од страна на Русија, соопшти националниот оператор на електричната мрежа. Украинските воздухопловни сили предупредија на повеќе групи проектили истрелани од Русија за време на национална тревога, но засега нема извештаи за штета, објави Ројтерс.
Според соопштението на Укренерго, прекини на електрична енергија имало во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје, Днепропетровск и Кировоград, пренесува Танјуг.
Украинскиот министер за енергетика Херман Галушенко на социјалните мрежи објави дека се во сила и „превентивни мерки“ поврзани со дистрибутивниот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…