Објавено на:

Украина ги национализира сите руски имоти во земјата – Ќе се надоместува штетата од воената операција

t

Премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, најави дека Киев ќе го национализира целиот руски имот во Украина за да ги надомести загубите од специјалната операција.

Донесена е законска регулатива за национализација. Тие процеси веќе ги почнавме, несомнено ќе го национализираме целиот руски имот за да надоместиме дел од тие загуби што ни ги нанесува Русија – изјави Шмигаљ за телевизија „Рада“.

Украинската Врховна Рада, на 1 април усвои закон за национализација на имотот на Русите и на оние кои јавно ја поддржуваат специјалната воена операција на Русија.

Законот се однесува на Русите и лицата кои не се државјани на Русија, „но се тесно поврзани со неа, односно имаат живеалиште или се занимаваат со нивната основна дејност“ во таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…