Украина е фиктивна држава, тврди романски политичар
Калин Ѓорѓеску, екстремно десничарски проруски романски политичар, ја нарече Украина фиктивна држава и рече дека нејзината поделба меѓу соседните земји е неизбежна. Ѓорѓеску го изјави ова во интервју со новинарот Јон Кристоју, а пренесува украинска „Правда“.
„Светот се менува. Границите ќе се сменат. Згора на тоа, ако се сменат границите, каде ќе бидеме ние? Ја имаме северна Буковина, што е интересно. Го имаме Буџак, го имаме северниот Марамуреш, нели?“.
Тој изјави дека поделбата на Украина е неизбежна.
„Сто проценти, тоа ќе се случи. Па, тие немаат друг избор! Патот до такво нешто е неизбежен. Украина е фиктивна земја. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, рече Ѓорѓеску.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…