Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск во регионот Харков

Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација.
„Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков.
Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили со повеќе ракетни фрлачи нападнале неколку населени места, вклучувајќи го и Купјанск.
Купјанск, град на околу стотина километри од Харков, пред војната имал речиси 30.000 жители. Русите го зазедоа во првите денови од офанзивата пред една година. Украинците го ослободија градот во септември по молскавична контраофанзива.
Но, руските сили, засилени по мобилизацијата на стотици илјади резервисти во Русија, повторно тргнаа во напад во овој сектор, влевајќи страв кај многу жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…