Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск во регионот Харков
Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација.
„Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков.
Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили со повеќе ракетни фрлачи нападнале неколку населени места, вклучувајќи го и Купјанск.
Купјанск, град на околу стотина километри од Харков, пред војната имал речиси 30.000 жители. Русите го зазедоа во првите денови од офанзивата пред една година. Украинците го ослободија градот во септември по молскавична контраофанзива.
Но, руските сили, засилени по мобилизацијата на стотици илјади резервисти во Русија, повторно тргнаа во напад во овој сектор, влевајќи страв кај многу жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
