Објавено на:

Украина подготвена да попушти за само едно руско барање

t

Алтернатива за влезот во НАТО може да биде нов безбедносно воен договор гарантиран од САД, Турција или соседните земји, потенцијално вклучувајќи ја и Русија, предложи денеска украинската владејачка партија – Слуга на народот.

Едно од руските барања за да ја заврши инвазијата е Украина да се откаже од напорите за влез во НАТО.

-НАТО не е подготвен да ја прифати Украина најмалку во следните 15 години. Ние дури и ја немаме нејзината поддршка во оваа војна, само од поединечни држави, рече портпаролот на партијата.

Иако оваа изјава изгледа дека Украина е подготвена да попушти на едно барање од Русија, се чини дека таа уште поцврсто стои зад тоа да не попушта со другите барања, пишува „Скај Њуз“.

Владејачката партија, имено, соопшти дека Украина под никакви околности нема да ги отстапи своите области Крим, Доњецк и Луганск, ниту ќе се согласи на какви било ултиматуми за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

-Русија сака да ги признаеме таканаречените ДНР и ЛНР, како и окупацијата на Крим. Но, јасно е дека нема да се согласиме со тоа. Ние единствено можеме само да одлучиме како ќе се регулираат животите на луѓето во овие области во рамките на нашата цела држава, изјави портпаролот на владејачката Слуга на народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…