Објавено на:

Украина предвреме ќе му ја заврши кариерата?! – Ќе падне ли Шолц?

t

Германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) се повеќе го притиска канцеларот Олаф Шолц да испрати тешко оружје во Украина.

Тие го обвинуваат германскиот канцелар дека е делумно одговорен за украинската одбрана, а му се заканија и со гласање недоверба на Бундестагот, пренесува агенцијата ДПА.

„Сакаме да ја поддржиме владата во украинската криза“, напиша на Твитер заменик-шефот на пратеничкиот клуб на Унијата, Јохан Вадепул.

Меѓутоа, доколку Шолц не почне, „идната недела ќе мора да смета на иницијативата на ЦДУ и ЦСУ“ против него.

Шолц не е критикуван само од опозициските конзервативци, туку и од Зелените и либералите (ФДП), коалициони партнери на неговите социјалдемократи (СПД), поради колебањето со одлуката да испорача тешко оружје во Украина.

Експертот за надворешна политика на ЦДУ, Родерик Кисветер, денеска изјави за телевизијата ЗДФ дека го цени фактот што владата финансиски ја поддржува Украина, но дека таа „не може да се откупи“.

„Она што тој навистина треба да го направи е да испрати тенкови и артилериски системи“, рече Кисветер.

Во денешниот Велт, Вадепул ја обвини владата дека се обидува да ја измами јавноста ветувајќи натамошна финансиска помош за Украина.

„Украина има доволно пари, на крајот на краиштата, тие се испратени од Европската унија. Според тоа, дополнителното финансирање е само неубедлива финта“, рече тој.

Клучно прашање е дали германската влада ќе дозволи извоз на тешко оружје.

„Олаф Шолц сега мора да се појави и да испорача, бидејќи тој е делумно одговорен за неспособноста на Украина да се одбрани“, додаде Вадепул.

Досега Германија испратила во Украина противтенковски и противвоздушни ракети и автоматско оружје, возила, уреди за ноќно гледање и опрема за лична заштита.

Сепак, Украина бара оклопни борбени возила, артилерија и борбени хеликоптери за војната против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…