Објавено на:

Украина се надева на размена на преостанатите војници во Азовстал

t

Заменичката-министерка за одбрана на Украина Хана Малиар денеска изрази надеж дека украинските војници кои се предале од фабриката за челик Азовстал во Мариупол ќе бидат разменети за руски заробеници, и покрај изјавата на рускиот функционер Вјачеслав Володин дека тие се „криминалци кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Малиар рече дека коментарот на претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин е политичка изјава, замислена како внатрешна пропаганда во согласност со внатрешно-политичките процеси во Русија.Таа додаде дека од перспектива на Украина, преговарачкиот процес и самата спасувачка операција се во тек.

Претходно денеска, Володин ги нарече борците на Азовстал „нацистички криминалци“ кои треба да бидат исклучени од каква било идна размена и кои Русија мора да ги изведе пред лицето на правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…