Украина се надева на размена на преостанатите војници во Азовстал
Заменичката-министерка за одбрана на Украина Хана Малиар денеска изрази надеж дека украинските војници кои се предале од фабриката за челик Азовстал во Мариупол ќе бидат разменети за руски заробеници, и покрај изјавата на рускиот функционер Вјачеслав Володин дека тие се „криминалци кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
Малиар рече дека коментарот на претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин е политичка изјава, замислена како внатрешна пропаганда во согласност со внатрешно-политичките процеси во Русија.Таа додаде дека од перспектива на Украина, преговарачкиот процес и самата спасувачка операција се во тек.
Претходно денеска, Володин ги нарече борците на Азовстал „нацистички криминалци“ кои треба да бидат исклучени од каква било идна размена и кои Русија мора да ги изведе пред лицето на правдата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…