Украина сѐ повеќе ќе се потпира на одбрана со дронови
Украина се повеќе се потпира на различни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на редовното видео обраќање до Украинците.
– Тоа е очигледен приоритет на Украина и конкретен начин за заштита на животите на нашите борци, рече Зеленски за развојот на борбената тактика со беспилотни летала против Русија.
Тој ги истакна и резултатите од неговото учество на консултациите со владата и армијата во Киев за залихите на беспилотни летала со кои располага и што е потребно од нив на првата линија на одбраната.
– Ќе ја забрзаме логистиката, изјави претседателот на Украина, каде, исто така, интензивно се работи на подобрување на ефикасноста на беспилотните летала.
Важноста на беспилотните летала од сите големини значително се зголеми во речиси 22-те месеци од војната.
Украинските и руските војници користат мали дронови со камери за да го набљудуваат секое движење на непријателот на бојното поле. Таквото летало може да исфрли и мали експлозивни полнења над тенкови или ровови.
Украинците ги користат дроновите за делумно да компензираат за нивните мали резерви на артилериска муниција, но Русија има многу ефикасна технологија за заглавување на електрониката на непријателските беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…