Украина ќе добие авиони Ф-16 од Холандија наспроти предупредувањата од Русија
Холандија ќе ѝ испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против Русија, соопшти денеска холандската Влада.
– Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори за воена поддршка на Украина – соопшти привремениот премиер Марк Руте на платформата „Екс“.
Испораката на борбените авиони се уште чека извозна дозвола од холандското Министерство за надворешни работи и исполнување на критериумите за персонал и инфраструктура во Украина, додаде Руте, без да наведе временска рамка за овие одлуки.
Покрај Холандија, Данска, Норвешка и други земји досега ѝ ветија на Украина најмалку 50 авиони Ф-16, а веќе се обучуваат и украински пилоти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна кажа дека на Украина ѝ се потребни 160 авиони Ф-16 за да го врати суверенитетот над нејзиниот воздушен простор.
Русија предупреди дека испраќањето авиони во Украина ќе доведе до дополнително ескалирање на конфликтот.
Доколку во Киев се појават ловци Ф-16 кои можат да носат нуклеарно оружје, Русија тоа ќе го смета за закана во нуклеарната сфера, изјави летоска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…