Објавено на:

Украина ќе истражува дали 40 руски војници извршиле воени злосторства

t

Законодавците во Украина истражуваат уште 40 руски војник осомничени дека извршиле воени злосторства во земјата, пренесува новинската агенција Интерфакс-Украина.

Генералниот обвинител Ирина Венедиктова рече дека осомничените ќе бидат под истрага за низа злосторства – од бомбардирање на цивилна инфраструктура, убивање цивили, силување и грабежи.

Осомничените ќе одговараат пред украинскиот суд, додаде таа.

Денеска руски војник обвинет за убиство на невооружен 62-годишен цивил се појави пред судот во Киев.

Вадим Шишимарин (21) беше изведен во судот на прелиминарно рочиште. Му се заканува можен доживотен затвор под обвинение за воени злосторства и убиство со умисла.

За време на телевизиското обраќање во петокот вечерта, Венедиктова рече дека прелиминарните сослушувања за уште двајца осомничени ќе бидат спроведени следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…