Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген
Украина годинава ќе отвори канцеларии во Берлин и Копенхаген за заедничко производство на оружје и извоз до трети страни, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски.
Киев ја проширува домашната одбранбена индустрија со помош на западните партнери, додека четврта година се брани од руската агресија.
Зеленски најави дека Украина ќе може да извезува поморски беспилотни летала и артилериски системи.
– Станува збор за заедничко производство и извоз на оружје што можеме да си го дозволиме да го продадеме, за да имаме повеќе пари за нашето внатрешно производство на дефицитарно оружје, што не можеме да си го дозволиме, посочи Зеленски.
Украина сè уште зависи од своите сојузници за оружје како што се борбени авиони и системи за воздушна одбрана, но постигна напредок во развојот на беспилотни летала и ракети.
Зеленски посочи дека Украина планира до крајот на годината да почне со масовно производство на ракетите Фламинго и Рута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе произведува оружје во Берлин и…
Украина годинава ќе отвори канцеларии во Берлин…
Фон дер Лајен: Украина нема да биде…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Орбан: Финансирањето на Украина не е работа…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека,…
Зеленски распоредува елитни специјалци: Одбраната на Покровск…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одбраната…
Пентагон даде зелено светло: САД ќе ѝ…
Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата…