Украинската проруска црква се одвои и прогласи целосна независност од Москва
Украинската православна црква Московски Патријархат, ги прекина односите со Руската црква поради нејзината инвазија врз Украина и прогласи целосна независност во ранг на автокефалност, со образложение дека не се согласува со ставот на московскиот патријарх Кирил за руската инвазија врз Украина.
Ние не се согласуваме со ставот на московскиот патријарх Кирил… за војната – се вели во соопштението на црквата по одржувањето на Соборот фокусиран на руската „агресија“ против Украина.
Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПЦ- МП, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПЦ-МП.
Кирил, поглаварот на Руската православна црква, силно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин во неговата инвазија на Украина.
Портпаролот на црквата Архиепископот Климент рече дека на Соборот бил целосно отфрлен ставот на патријархот Кирил во однос на војната.
Не само што не ја осуди руската воена агресија, туку и не кажа ништо за напатениот украински народ, изјави за АФП.
Во соопштението се вели и дека дека односите меѓу Московската патријаршија и московското раководство биле „комплицирани и отсутни“ од почетокот на војната и дека Соборот усвоил измени за целосна независност и автономија на Украинската православна црква.
Во соопштението, исто така, се апелира и Украина и Русија да „продолжат со преговарачкиот процес“ и да најдат начин да го „запрат крвопролевањето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…
Лавров:Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…
Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…
Денеска се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон…
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…