Денеска се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието. Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година. Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот. Татко му беше пекар. Кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите. Еднаш татко му го укори за тоа. А тој Му се помоли на Бога и житницата им се наполни со жито, така што со мака ја отворија. Другпат, пак, засади суви прачки во лозјето, а од нив зазелене лоза и во свое време донесе плод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Денес се празнува Светиот апостол Тадеј
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…
Денес се празнува Светиот пророк Самуил
Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…