УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Офанзивата со тенкови ќе биде моќна во април или мај
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за естонската телевизија сугерира дека Украина би можела да започне офанзива во април или мај, користејќи тенкови испратени од Западот.
Резников рече дека тенковите Леопард од германско производство, кои почнаа да пристигнуваат во Украина, ќе бидат дел од „контраофанзивната кампања според одлуката на нашиот Генералштаб, кој ја планира во различни насоки“.
„Ќе зависи од најдоброто време. Ќе зависи од временските услови. Во текот на пролетта нашата почва е доста влажна. Можете да користите само возила со гасеници, на пример. Мислам дека ќе ги видиме тенковите во текот на следните два месеци. Мислам април и мај“, рече Резников на англиски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…