Објавено на:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин – Кремљ не отфрла таква можност

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ не отфрла таква можност.

Една од најважните задачи во текот на преговорите помеѓу Украина и Русија е организација на средба на претседателите на двете држави, смета украинскиот лидер Володимир Зеленски. „Нашата делегација има јасна задача – да стори сѐ за да се одржи средба на двајцата претседатели“, изјави Зеленски во видео обраќање во текот на изминатата ноќ. Тоа е средба на која сите чекаат, смета тој и додава дека тој пат е тежок, но неопходен за да се добијат ефикасни гаранции. Украина постојано укажува дека Путин ги носи сите конечни одлуки.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вчера (13.03) не исклучи можност за средба на Путин и Зеленски. Но, како што рече Песков за руската телевизија, би морало да се разбере што е целта на таква една средба и што таму би се разговарало.

Преговарачките делегации на Украина и Русија во текот на викендот изразија воздржан оптимизам околу преговорите. Советникот на украинскиот претседател Зелкенски, Михајло Подољак, оцени дека Русија преговара поконструктивно отколку досега. Рускиот преговарач Леонид Слуцки, како што јави агенцијата РИА, смета дека двете делегации наскоро би можеле да дојдат до заедничка позиција и дека од почетокот на преговорите е направен супстанцијален напредок. За денеска се планирани разговори на преговарачките делегации во онлајн-формат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

60-годишник го фотографирал гласачкото ливче, полицијата го…

Полицијата вчера уапси 60-годишен гостиварец. - На…

Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите…

Во Брисел денеска почна трилатерална средба на…

2-ГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ – Тешка сообраќајка…

На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина…

Обид за напад на Белорусија

Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни…

Уапсени група крадци на ретки книги

Крадците кои краделе ретки први изданија на…