Украинското обвинителство започна истрага за 15.000 случаи на воени злосторства во Украина
Украинското обвинителство покрена истрага за повеќе од 15.000 случаи на воени злосторства во Украина. Вкупно 80 осомничени се во притвор. Повеќе од 600 осомничени, меѓу кои и високи руски политичари и офицери, се цел на обвинителството, изјави денеска на прес-конференција во Хаг украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова, јави ДПА.
Обвинителите од Украина, Полска, Литванија и Меѓународниот кривичен суд во Хаг разговараат за статусот на истрагите за наводните воени злосторства во Украина. Обвинителите се членови на заеднички истражен тим. Три други земји, Латвија, Естонија и Словачка, исто така се приклучија на оваа заедничка истражна структура.
Работата на Заедничкиот истражен тим ја координира Европското правосудство, Европравда. Доказите и извештаите на сведоците се чуваат во централна база на податоци и ќе бидат достапни за сите членови на истражниот тим.
По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, Украина, Полска и Литванија формираа заеднички истражен тим. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…