Украинците бесни на Маск: Спречил еден од најголемите напади над руската морнарица
Украина морала да се откаже од неколку напади со дронови на руски мети бидејќи Илон Маск, главниот извршен директор на компанијата „SpaceX“, сопственичка на сателитската интернет мрежа „Starlink“, одбил да им даде пристап до истата, пренесува „Daily mail“.
Киев планирал со минирано беспилотно летало да нападне брод на Воената морнарица на Руската Федерација кој бил на врска во едно пристаниште на Крим.
Меѓутоа, Маск на украинските сили не им дозволил да пристапат на „Starlink“, бидејќи, како што рекол, не дозволува да се користи за напаѓачки акции. Украина поради тоа се откажала од нападот на споменатиот брод.
Врховниот командант на украинските Вооружени сили Валериј Жалузњи наводно поради тоа посакал да стапи во контакт со началникот на Штабот на американската војска, генералот Марк Мили, за да му каже дека Маск не може да одредува што украинската војска може или не може да прави.
Жалузњи рекол дека фактот дека Маск оневозможил неколку планирани напади е загрижувачки. Маск сè уште не ги коментирал овие наводи.
Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, за британски „Telegraph“ изјавил дека војната во Украина влегла во критична фаза и дека на украинските сили им е потребна оперативна и технолошка независност.
Одлуката на Маск ја критикувале вишата службеничка на Европскиот совет за надворешни работи Улрике Франке и астронаутот на НАСА Скот Кели.
Откако Русија кон крајот на февруари 2022-ра година ја нападна Украина, Маск на Киев му дозволил користење на „Starlink“ за да не зависи од инфраструктурата која Москва почнала да ја уништува. Меѓутоа, Маск рекол дека „Starlink“ ќе се користи исклучиво за одбрана и тој став не го променил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…