Украинците кои живеат во странство се повикани во војска: ако одбијат, им се закануваат казни
Украински мажи на возраст меѓу 25 и 60 години кои живеат во странство се очекува да се пријават на воена служба, изјави министерот за одбрана Рустем Умеров. Тој го опиша како „покана“ – но посочи дека ќе има санкции против секој што нема да се придржува.
Претседателот Володимир Зеленски завчера им рече на новинарите дека на Украина и се потребни 450.000 до 500.000 нови војници, но да се стигне таму е „чувствително прашање“. Како што пренесува Би-Би-Си, сето тоа се случува во време кога украинската контраофанзива се чини дека е целосно заглавена.
Киев неодамна беше силно погоден и во однос на помошта од Западот. Имено, американските републиканци го блокираа пакетот воена помош од 61 милијарда долари, а Унгарија, пак, го стопираа пакетот финансиска помош од ЕУ во вредност од 50 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…