Украинците фатиле руски агент додека поставувал експлозив во станбена зграда
Украинската безбедносна служба СБУ уапсила руски агент на дело додека поставувал експлозив во станбена зграда во градот Ривне на западот на Украина, јавија украинските медиуми.
Според СБУ, руските тајни служби го врбувале 27-годишниот жител на Лавов, а тој прифатил поради можноста за лесна заработувачка, огласена на Телеграм.
Неговата задача била да постави импровизиран експлозивен уред во изнајмен стан во центарот на Ривне. Целта била со теледиригирана активација да се предизвика голема експлозија со цивилни жртви и ранети, која би создала голема паника во регионот.
Според украинските закони, на терористот сега му се закануваат до 12 години затвор и одземање на имотот.
Од СБУ велат дека ова не е изолиран случај, туку редовно откриваат руски агенти што треба да вршат терористички напади. Според нив, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) најчесто врбува невработени, луѓе со криминално минато или зависници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинците фатиле руски агент додека поставувал експлозив…
Украинската безбедносна служба СБУ уапсила руски агент…
Писториус: Германија нема да ѝ го отстапи…
Германија нема да може да ги префрли…
Шекеринска: НАТО нема да попушти во помагањето…
НАТО нема да престане да ѝ помага…
Украинска тајна служба ликвидираше висок агент на…
Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека е…
Трамп ѝ испраќа „Патриот“ на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…