Писториус: Германија нема да ѝ го отстапи својот ПВО систем „патриот“ на Украина
Германија нема да може да ги префрли своите системи за воздушна одбрана „патриот“ во Украина бидејќи нема доволно од нив во германската армија, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој изјави дека Берлин веќе префрлил три од своите 12 системи „патриот“ во Киев.
„Сега имаме само шест од нив во Германија. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување или обука“, рече тој.
Тој истакна дека станува збор за мал број системи, особено кога ќе се земат предвид целите на НАТО за капацитетите. Тој истакна дека за време на претстојната средба со американскиот министер за одбрана Пит Хесгет, ќе разговара за неговиот предлог Вашингтон да отстапи два од своите системи „патриот“ на Киев, пренесува Танјуг.
Писториус, исто така, рече дека Германија нема да ги испорача своите ракети со долг дострел „таурус“ на Украина, и покрај неодамнешниот бран руски воздушни напади и обновеното барање на Киев за ракетите. Писториус треба да се сретне со Хегсет денес во Вашингтон, а главната тема на разговорот треба да биде „мапата“ за американската безбедносна поддршка на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…