Унгарија ќе го тргне ветото за финансирање на Украина во замена за 30 милијарди евра од ЕУ
Унгарија е подготвена да го укине ветото на предлогот на ЕУ за финансирање на Украина во замена за одмрзнување на фондовите на ЕУ за финансирање на Унгарија во вредност од 30 милијарди евра, што блокот претходно и го ускрати на Будимпешта поради непочитување на демократските стандарди на Унијата, јави Блумберг.
– Финансирањето на Унгарија од ЕУ и финансирањето на Украина се две посебни прашања. Но, ако ЕУ инсистира финансирањето на Украина да доаѓа од изменетиот буџет на ЕУ, тогаш тие две прашања се поврзуваат, изјави политичкиот советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Балаш Орбан, со кој не се роднини.
Тој додаде дека Унгарија сè уште се противи на целосниот четиригодишен план за помош на Украина во вкупен износ од 50 милијарди евра и оти претпочита ЕУ да му понуди финансирање на Киев за една година без измена на буџетот, како и дека Будимпешта ќе „размисли како да придонесе за таков пакет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…