Објавено на:

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата состојба со повредените од пожарот во Кочани

t

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар на Србија, денеска изјави дека 17 повредени во дискотеката на смртта се згрижени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што наведе, двајца од нив се на механичка вентилација, а двајца се оперирани и се во добра општа состојба.

– Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела најверојатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добра вест, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно им закрепнува респираторната функција, а изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за интензивна нега – изјави д-р Стојичиќ.

Стојичиќ посочува дека кај пациенти кои веќе биле оперирани, процедурата вклучува отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивната сопствена кожа се зема од други места и се пресадува на изгорените места.

Тој посочува дека на еден пациент дефинитивно ќе му биде извршена уште една операција за околу пет дена, но од друга страна, додека на еден веќе му е извршена операција.

Зборувајќи за пациентите кои чекаат операција, тој посочува дека нема да има потреба од донатори на кожа, туку тие ќе можат да бидат свои донатори, а дефектите ќе се затворат со автографтови.

Дефинитивниот резултат ќе биде видлив за 14 дена, а по тој период ќе следи опоравување со помош на физикална медицина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…