УНЕСКО: Охридското Езеро е под ризик од загадување

t

Охридското Езеро, светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, велат од телото на Обединетите нации и експертите, пренесе „Ројтерс“.

Езерото, едно од најстарите во Европа кое датира од пред 3,5 милиони години, е дом на околу 200 уникатни видови, вклучувајќи и ретки сорти на пастрмка. Таа служи како значајна туристичка атракција и извор на приходи за Македонија и Албанија.

Mакедонската страна на Охридското Езеро беше прогласена за светско наследство во 1979 година, а УНЕСКО ја прошири ознаката на албанската страна на езерото во мај 2019 година.

Во својот извештај за 2024 година претходно оваа година, УНЕСКО предупреди за развојот на недвижностите околу езерото и туризмот околу брегот.

„Состојбата на зачувување на имотот не се подобрува и нема позитивен тренд да почне да се враќа неговиот интегритет“, соопшти УНЕСКО.

Биологот, д-р Златко Лефков, изјави дека загадувањето „постојано се влошува“ и дека тоа им нанесува штета на автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.

Екологистите предупредуваат и дека реките што се влеваат во Охридското Езеро и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Традиционална изработка и свирење на гајда“ впишано…

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на…

УНЕСКО: Охридското Езеро е под ризик од…

Охридското Езеро, светското наследство на УНЕСКО е…

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Српската “шљивовица” стана светско културно наследство

УНЕСКО ја запиша српската шљивовица на Репрезентативната…

Еколошка катастрофа кај Струмица: Езерото Мантово крајно…

Жителите на струмичката котлина со бројни реакции…