УНИ Банка воведе трговија со благородни метали

t

УНИБанка АД Скопје, на 22.12.2021 година, ја прошири својата понуда на услуги и производи и за прв пат на македонскиот пазар воведе нов продукт – Трговија со благородни метали и инвестициско злато.

УНИБанка АД Скопје е првата Банка во земјата која увезува и тргува со инвестицискo злато што вклучува златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од  900/1000 (22 карати) и со поголема чистота , согласно стандардот  “London Good Delivery” и се тргуваат на London Bullion Market Association  (LBMA). Банката набавува злато од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато.

УНИБанка АД Скопје им нуди на своите клиенти широк асортиман на златни производи по исклучително конкурентни цени, изработени со современи технологии и највисоки стандарди. Производите може да се погледнат во просториите на експозитурите Централа и Ист Гејт, како и на веб страната – www.unibank.mk

Производите кои се нудат на продажба  се со тежина изразена во грамови и тоа:  2; 5; 10; 20; 31,10 (1 трој унца); 50; 100 гр. и истите може да се купат во двете  експозитури. Клиентите имаат можат да нарачаат  производи со поголема тежина а истите Банката ги увезува за нивна сметка.

За повеќе информации на следните телефонски броеви:

Дирекција Трежри                Експозитура Централа                     Експозитура Ист Гејт

02/3286-307                            02/3286-136                                        02/3128-281

02/3286-143                            02/3286-122                                        071/286-854

02/3286-127                            02/3286-139

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…

Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…

Инспекциски контроли утврдиле дека цените во маркетите…

Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата…

„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски…

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до…

Златото од почетокот на годината поскапе 28%

Цените на златото се зголемија за повеќе…