Урнебесна изјава на Рама: Не дојдов во Косово да се женам за Курти
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека не се чувствува навреден поради тоа што косовскиот премиер Албин Курти одбил да се сретне со него, коментирајќи дека тој не отишол во Приштина „да се ожени со него“, пренесува Репортерс.
Во Подгорица, на заедничката прес-конференција со премиерот Дритан Абазовиќ, Рама одговори на прашањето за отсуството на средба со Курти за време на неговиот престој на Косово и дали тоа влијае на односите меѓу Косово и Албанија.
„Не отидов во Приштина да се омажам за Курти. Не се чувствувам навреден, како младоженец, чија невестата не дојде на свадбата“, изјави Рама.
Тој додаде дека отишол во Приштина како премиер на Албанија на средби со косовските претставници.
„Немам личен, а камоли институционален проблем со премиерот на Косово. Само имам спротивставени мислења за одредена ситуација“, изјави Рама.
Како што изјави, моменталната ситуација ја третира како нешто со кое сите треба да се справат заедно, со разговор.
Курти тоа го третира како ситуација со која треба да се справи без средба и без разговор и тоа е негово право“, додаде Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…