Успешна евакуација на првата група македонски државјани од Израел

t

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.

Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.

Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Успешна евакуација на првата група македонски државјани…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…

Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…