Уставниот суд на 15 октомври ќе расправа за упатството кое ја исклучива Левица од рекламирање
Два дена пред крајот на кампањата за локалните избори, која завршува на 17 октомври, Уставниот суд ќе расправа за иницијативата на Левица за спорното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кое ја исклучува оваа партија од политичкото рекламирање.
– Иницијативата на Левица за упатството ќе биде ставена на следната седница на Уставниот суд, на 15 октомври – соопшти Судот.
Уставниот суд оформи предмет по поднесената иницијатива на Левица со која бара Судот да го поништи Упатството за радиодифузерите за локалните избори на АВМУ според кое оваа партија останува исклучена од можноста за платено политичко рекламирање, и покрај тоа што има шест пратеника во Собранието.
Левица бара од Судот да донесе и итна времена мерка веднаш вон сила да се стави упатството на АВМУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставниот суд на 15 октомври ќе расправа…
Два дена пред крајот на кампањата за…
52-годишна скопјанка нападната од поранешниот сопруг иако…
Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје,…
Муртезани: Кај Мицкоски и Владата постои сериозна…
Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност…
Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја…
Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја…
Путин денеска ќе се сретне со Додик…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе разговара…