Уставните измени се итна потреба, заклучиле Ахмети и чешкиот МНР

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, г. Јан Липавски.

Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.

На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.

Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство.

Претседателот Ахмети рече дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.

Ахмети нагласи дека земјата од овој процес ќе излезе како победник како што излезе победник со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Пратениците да мислат на европската иднина на…

Интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…